Лавови Ѓорче

До кога вака!!??

Речиси сите ја прогласија Македонија Ѓ.П за шампион, а ние изгледаме...БЕДНО, КАТАСТРОФАЛНО,НЕВОЗМОЖНО ЛОШО...замислете се ЛАВОВИ!!!!

Милано - Македонија Ѓ.П                                       8,03,2009

    Гостување во Куманово, недела во 11,00 h пред обложувалницата Депортиво во Ѓорче. Да се собереме во поголем број и да им дадеме поддршка на нашите фудбалери во походот кон првата титула. Да се знае кои се Лавови!

Македонија Ѓ.П - Ренова 1:1                                           1,03,2009

    Прво коло од пролетната полусезона по две и пол месечната и веднаш интересен дерби натпревар. Се најавуваше од медиумите "одмазда" за нападот на Жорж Амбурет па поради тоа мечот беше од висок ризик, меѓутоа Лавови како навивачка група воопшто не ја гледаат својата цел во напади на играчи од противнички фудбалски тимови, и воопшто не се размислуваше за некаква "одмазда".  Класичното собирање во парк за овој натпревар изостана и сите се собравме спонтано пред стадион, некаде половина час пред почетокот на натпреварот. На почетокот на натпреварот бевме 70-80 души. Се навиваше првите 10-15 минути. Се пееа повеќе песни , "Ѓорче те сакаме..", Ооо напред Ѓорче.." итн. Понатаму навивањето стагнираше, едноставно немаше никаква желба за навивање. Можам слободно да кажам едно од најлошите изданија на Лавови. Поведовме, имавме одлична игра, но очигледно и тоа не беше доволно за да се почне со навивање. На полувреме повеќе од половина "навивачи" се разбегаа по другите делови на трибината и останавме триесетина. Се набави поголемо количество семки и во бедна атмосфера се следеше мечот до осумдесетата минута....Тогаш ренова постигна гол, и испровоцирани од неколку судиски одлуки Лавовите почнаа со навивање. Се навиваше до крајот на натпреварот, кога фудбалерите ни отпоздравија и на никаквата поддршка и докажаа дека се вистински професионалци. За крај можам да кажам дека ова беше дефинитивно едно од најлошите изданија на Лавови за кое се надевам дека нема да се повтори! Слики од овој натпревар нема. Поздрав и до полицијата, желките и се што беше присутно на стадионот во Ѓорче, се надевам дека следниот натпревар ќе се соберете во уште поголем број, сепак малку се 7 комбиња! A.C.A.B

Counter Powered by  RedCounter
Copyright protected